Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2016

Азар: Сè уште ништо не сме постигнале

Капитенот на Белгија Еден Азар се обиде да ја смири еуфоријата по убедливата победа над Унгарија во осминафиналето од Европското првенство.

„Црвените ѓаволи“ го остварија најубедливиот триумф на турнирот совладувајќи го ривалот со 4-0.
„Натпреварот беше одличен, а ние ја заслуживме победата. Можевме да постигнеме повеќе голови, но нивниот голман одлично бранеше. Имаше неколку одлични интервенции. Среќни сме бидејќи одиме во четврт-финалето“, изјави Азар.
Белгија во четврт-финалето ќе игра со Велс кој доби три натпревари со еден реми резултат на ЕП, а потенцијален противник во полуфиналето е подобриот од деулот меѓу Португалија и Полска.
„Игравме против одличен тим на Унгарија и им честитам на одличниот натпревар. Ние сè уште ништо не сме постигнале. Ние сме само една од екипите кои ќе играат во четврт-финалето“, додаде Азар.

Најнови вести