Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2016

Колман: Не се плашете од соништата!

Селекторот на Велс Крис Колман порача по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Европското првенство дека никој не треба да се плаши од своите соништа.

Фудбалерите на Велс приредија сензација во Лил совладувајќи го едниот од главните фаворити на турнирот, Белгија, со 3-1 (1-1), по пресвртот.
„Изјавив и порано дека не дојдовме овде само да учествуваме и да уживаме. Дојдовме да се натпреваруваме и секогаш чувствувавме дека нешто големо можеме да дадеме. Имаме играчи кој можат и знаат да играат фудбал. Постигнувавме убави голови и особено ми е мило за Воукс кој не добива толку минути, но секогаш работи напорно и тоа се забележа. Одличен е карактерот во нашата соблекувална. Вилијамс можеше да постигне хет-трик. Тој има карактер на вистински лидер, а Хал Робсон –Кану? Вистинска претстава“, изјави Колман.
Тој имаше одличен совет за сите кои не веруваат во себе и во своите соништа.
„Сонувајте! Немојте да се плашите да сонувате, бидејќи јас пред четири години бев далеку од ова колку што можете да замислите, а погледнете ме сега. Немојте да се плашите од неуспехот, јас го имав повеќе отколку успехот, а сега уживам“, заклучи селекторот на Велс.

Најнови вести