Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2016

Раниери потпиша нов договор со Лестер

Менаџерот на англискиот шампион Лестер, Клаудио Раниери, потпиша нов четиригодишен договор со клубот.

Раниери минатата сезона го предводеше Лестер до шампионската титула, прва во клупската историја, а неговиот стар договор, потпишан минатото лето, истекуваше за две години.
„Откако разговарав со сопствениците на клубот за нивната визија за Лестер знаев дека сакам да бидам дел од тоа многу години. Енергијата која ја има клубот, од сопствениците до вработените, од играчите до фудбалерите е нешто посебно. Среќен сум и горд што ќе бидам дел од тоа“, изјави Раниери.
Потпретседателот на Лестер Ајават Шривадханапрабха изјави дека малку кој се надевал на резултатите под Раниери  во првата сезона.
„Пред 12 месеци во Лестер го доведовме човекот чие знаење и искуство можеше да нè одведе до втората фаза на нашиот долгорочен план. Она што ни помогна да го оствариме, во времето за кое го постигнавме е многу повеќе од тоа што можевме да предвидиме. Квалитетите на Клаудио, човечки и професионални ни се јасни откако дојде, тие квалитети му помогнаа на Лестер да напредува на секое ниво“, изјави потпретседателот на клубот.
Италијанскиот стручњак по сензационалниот успех е награден со двојно зголемување и сега годишно ќе заработува 3,5 милиони евра.

 

Најнови вести