Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2018

Раниери ќе ја напушти клупата на Нант

Раниери пред Нант, со кого на две кола пред крајот на француската Лига 1 го држи десетто место на табелата, сензационално го одведе Лестер до шампионската титула на Англија.

Италијанскиот фудбалски тренер Клаудио Раниери ќе го напушти Нант по завршувањето на сезоната, изјави Валдемар Кита, претседателот на клубот.
Искусниот 66-годишен стручњак си оди од Нант само по една година, ист временски период порано од предвидениот според договорот.
„Не можеме ништо да скриеме, имавме состанок и Раниери на сите им се заблагодари. Не беше лесно, но тоа е животот и нема лутење“, изјави Кита.
Раниери пред Нант, со кого на две кола пред крајот на француската Лига 1 го држи десетто место на табелата, сензационално го одведе Лестер до шампионската титула на Англија.
Се споменуваше како потенцијален селектор на репрезентацијата на Италија, но предност доби Роберто Манчини.
Во текот на неговата долга кариера, меѓу останатите, ги водеше: Интер, Рома, Наполи, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус...

Најнови вести