Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2016

Консеисао на клупата на Нант

Поранешниот португалски репрезентативец Сержо Консеисао е назначен за нов тренер на францускиот прволигаш Нант откако Рене Жерар доби отказ.

Клубот соопшти дека е потпишан договор со Консеисао со должина од две сезони.
Жерар беше отпуштен по серијата од пет порази и две ремија по која Нант падна на 19-тата позиција на табелата.
Консеисао играше во Порто, Лацио, Парма и Интер, за репрезентацијата од 1996 до 2003 година настапи 56 пати, а на Европското првенство во 2000 година постигна хет-трик против Германија.
Од 2012 беше на клупата на четири португалски клубови, додека минатата сезона ја водеше Виторија Гимараеш.
Португалецот саботниот натпревар против Каен ќе го гледа од трибината, а на клупата привремено ќе биде Филип Мао.

Најнови вести