Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2014

Ѓорѓевиќ ќе паузира две до три седмици

Филип Ѓорѓевиќ доживеа повреда на коленото во победата на Нант. Од клубот потврдија дека во прашање се лигаментите, а фудбалерот и неговиот агент изјавија дека повредата не е тешка.

Српскиот напаѓач изјави дека незгодно паднал, дека ситуацијата не изгледала наивно, но дека не би требало да паузира повеќе од две до три седмици.
Ѓорѓевиќ натпреварот го заврши на почетокот на второто полувреме, по дуелот со Абделхамид ел Каутари, кога од теренот беше изнесен со носилки.
Неговиот агент Алесандро Лучи за италијанските медиуми изјави дека повредата не е од тешка природа и дека нема причина за загриженост.
Ѓорѓевиќ само пред неколку дена потпиша договор со Лацио од Рим, каде што ќе отиде налето како слободен играч. Оваа сезона капитенот на Нант постигна 12 голови, десет во Лига 1, а еден гол постигна за српската репрезентација.


Најнови вести