Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2014

Забрана за трансфери на Нант во следните два преодни рокови

Францускиот прволигаш Нант е казнет со забрана за ангажирање на нови фудбалери во двата следни преодни рокови поради кршење на правилата при трансферот на Исмаел Бангурa во 2012 година, одлучи судот во Лозана.

Швајцарскиот суд со ова ја потврди одлуката на ФИФА и Меѓународниот суд за арбитража во спортот.
„Канаринците“ покрај забраната за ангажман на нови фудбалери се казнети и парично со 4,5 милиони евра кои заедно со Бангурa треба да ги платат на поранешниот клуб на фудбалерот, Ал Насри.
Нант ги прекршил трансфер правилата затоа што го охрабрил Бангурa и покрај важечкиот договор со Ал Насри од Дубаи во јануари 2012 година да прејде во редовите на „жолто-зелените“.