Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2016

Марез: По Лестер можам само во еден од трите најдобри клубови во светот

Фудбалерот на Лестер Ријад Марез изјави дека би можел да ги напушти редовите на првакот на Англија, но само во случај ако добие понуда од трите најсилни клубови во светот.

За одличниот Алжирец голема желба пројави Арсенал, но тимот од Лондон не е во класата на Реал Мадрид и Барселона, кои претходно беа доведувани во врска со Марез и спаѓаат во самиот врв на светскиот фудбал. 
„Кога сте Бразилец и целото внимание е насочено кон вас, доаѓате полесно во мадридскиот Реал. Додека за нас од помалите фудбалски средини тоа е многу потешко и мораме многу повеќе да работиме. Играм во Премиер лигата, која е врвна, и сакам што подолго да останам овде. Сепак, постојат три клубови во светот чија понуда би ме натерала да размислам добро за заминување“, изјави Марез за магазинот „Франс фудбал“.
На останувањето на играчот кој минатата сезона запиша 17 голови и 11 асистенции и беше еден од најзаслужните за титулата во Премиер лигата, инсистира менаџерот Клаудио Раниери, но лошиот старт на сезоната би можел да го натера Марез да замине во поголем тим.
На крилниот фудбалер договорот со „лисиците“ му истекува во 2019 година, а неговата цена се движи некаде околу 35 и 40 милиони евра.

Најнови вести