Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2016

Бешикташ го позајми Абубакар

Камерунскиот напаѓач Венсан Абубакар е ново засилување на турскиот прволигаш Бешикташ.

Абубакар во Истанбул дојде од Порто на едногодишен заем, кој турскиот шампион го чинеше 2.500.000 евра, со опција истанбулските „црно-бели“ да можат да го откупат договорот по истекот на 12-те месеци за уште десет милиони.
Ниту платата на играчот не е мала, таа ќе изнесува 3.400.000 евра на годишно ниво. Напаѓачот за двете години поминати на „Драгао“ за двократниот шампион на Европа одигра 42 натпревари и постигна 17 голови.
Порто Абубакар го доведе во 2014 година од Лориен за три милиони евра, а самиот играч во Франција заработуваше 180.000 евра по сезона, додека во Порто по 1.200.000 евра.

Најнови вести