Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2016

Фалкао е блиску до враќање во тимот на Монако

Леонардо Жардим, тренерот на Монако,изјави дека фудбалерот Радамел Фалкао ќе биде во екипата за претстојниот натпревар против Тулуз ако ги помине невролошките прегледи.

Фалкао не играше откако доби потрес на мозокот во текот на натпреварот со Ница на 21-ви септември, но тренира со намален интензитет.
Жардим изјави дека Фалкао денес ќе оди на скенер на главата и дека за еден ден ќе биде во екипата ако добие дозвола од лекарите. Колумбискиот напаѓач добро ја почна сезоната, постигна три гола на шест натпревари.
„Фалкао и понатаму е мојот прв избор“, изјави Жардим.
Колумбиецот во мај 2013 година од Атлетико Мадрид направи трансфер во Монако за 60 милиони евра. Во последните две сезони играше на заем во Челзи и во Манчестер јунајтед.

 

Најнови вести