Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2017

Фалкао договораше реми со Перуанците?

По драматичната завршница во јужноамериканските квалификации за Светското првенство, во центарот на вниманието се најде Радамел Фалкао.

Капитенот на Колумбија е обвинет дека се договорил со играчите на Перу да забават во завршницата на меѓусебниот дуел, кој заврши со 1-1.
Тој резултат им одговараше да двете селекции, Колумбијците се пласираа директно во Русија како четвртопласирани, додека Перу избори бараж.
Колумбија поведе во Лима со погодокот на Џејмс Родригес, кому му асистираше токму Фалкао, но Перу изедначи со голот на Паоло Гереро на 14 минути пред крајот.
Имаше интересна ситуација на теренот во текот на продолжението. Фалкао се доближи до неколкумина играчи од противничкиот тим и нешто им објаснуваше криејќи ја устата.
Со оглед на тоа дека домаќините играа многу енергично по изедначувањето, бидејќи победата би им донела директен пласман во Русија, се шпекулира дека Фалкао им сугерирал да забават со оглед на тоа дека се ближел крајот на средбата, а со евентуален пораз Перу би го загубил и баражот.
Се чини дека го послушале бидејќи следуваше акција во која Перуанците безидејно ја додаваа топката еден до друг до истекувањето на времето.
Ова реми му остави место на Светското првенствово Русија на шампионот на Јужна Америка, Чиле, кој се наоѓа под линијата и имаше еднаков број бодови со Перуанците, но послаба гол-разлика.

Најнови вести