Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2017

Бараж за СП: Без голови во Хондурас и во Нов Зеланд

Претходните две ноќи се одиграни првите натпревари од баражот за пласман на Светското првенство меѓу Хондурас и Австралија, односно меѓу Нов Зеланд и Перу.

За жал, ниту во Сан Педро Сула ниту во Велингтон немаше голови, па одлуката ќе се донесе за пет дена во реваншите во Сиднеј и Лима.
„Кенгурите“ беа подобар ривал, но немаа среќа и концентрација да слават пред 40.000 навивачи. Најдобрата шанса во првите 45 минути ја пропушти Томи Јуриќ, погодувајќи ја стативата по добриот продор, додека ударот на Азис Бехиќ на стартот на вториот дел од играта одлично го запре Донис Ескобер.
Пред повеќе од 6.000 навивачи, Нов Зеланд и Перу одиграа не многу возбудлив и досаден натпревар, а двете екипи имаа само по една добра шанса да стекнат предност пред одлучувачкиот натпревар.
Двете шанси беа во првото полувреме, во првата Едисон Флорес беше непрецизен по добриот центаршут на Андре Карилјо во 17-тата минута, а по 15 минути Коста Барбарусес пропушти зицер од неколку метра пред голот.
Ждрепката за групната фаза за Мундијалот во Русија 2018 година на програмата е на први декември, во Московскиот кремљ.

Најнови вести