Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2017

Јоветиќ: Бевме многу подобри од Лестер

Севилја во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите го совлада Лестер со 2-1, а преовладува впечатокот дека триумфот на победникот на Лигата на Европа над шампионот на Англија можеше да биде поубедлив.

Црногорскиот репрезентативец, кој во зимскиот преоден рок од Интер отиде на заем во Севилја, изјави дека смета дека неговиот тим требало подобро да ја искористи теренската предност.
„Бевме многу подобри од Лестер, имавме повеќе шанси и требаше да ги искористиме. Натпреварот беше деликатен, а тие се тим кој досега во Лигата на шампионите игра многу добро“, изјави Јоветиќ, кој му беше асистент на Хоакин Кореа кај вториот гол.
Првиот гол за Севилја го постигна Сараби, додека Каспер Шмајхел, голманот на Лестер, го одбрани пеналот кој го изведе Кореа во 14-тата минута. Лестер успеа да намали со погодокот на Џејми Варди, што на „лисиците“ им даде надеж дека можат да се пласираат во следната фаза по реваншот во Англија.
„За нив тоа ќе биде многу важно. Знаеме и дека победивме со 2-0 и дека не е завршено, затоа мораме да се подготвиме уште подобро и да победиме и таму“, изјави Јоветиќ пред реваншот, кој се игра на 14-ти март, на стадионот „Кинг пауер“ во Лестер.

Најнови вести