Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Кејн центурион со хет-трик за 23 минути

Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, го постигна јубилејниот стоти гол во професионалната кариера.

Англискиот репрезентативец оствари хет-трик во рок од 23 минути во вчерашниот натпревар со Стоук.
На „центурионот“ на Тотенхем тоа му беше трет хет-трик во 2017 година во сите натпреварувања, четврти во Премиер лигата во кариерата, со што е рекордер на „петлите“. Роби Кин и Џермејн Дефо имаат по три.
Кејн има само 23 години, а оваа сезона постигна 23 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања, 17 во Премиер лигата сметајќи ги овие три.
Тој во првите 45 минути на натпреварот со Стоук забележа и асистенција, го проигра Деле Али за 4-0.

 

Најнови вести