Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2011

Почина легендарниот Сократес

Сократес, поранешниот репрезентативец на Бразил, почина во 57-та година од животот во Сао Паоло, откако еден ден претходно во критична состојба беше примен во болница, пренесоа локалните медиуми.

Докторот Сократес, како што беше нарекуван поради неговиот интелигентен пристап кон играта, а кој беше лекар е еден од најдобрите бразилски фудбалери од средината на теренот на сите времиња и остана запаметен по брилијантните игри во бразилскиот дрес во кој на 60 настапи постигна 22 гола.
Сократес во последните четири месеци веќе два пати беше во болница поради проблеми со црниот дроб предизвикан од прекумерно користење алкохол.
Бразилецот во кариерата настапуваше за најголемите бразилски клубови: Ботафого, Коринтијанс, Фламенго и Сантос, додека во Европа една сезона помина во Фиорентина.

Најнови вести