Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2017

Вилјареал потврди: Хави Калјеха на местото на Ескриба

Фудбалскиот клуб Вилјареал потврди дека нов тренер е Хави Калјеха.

Само по неколку часа откако доби отказ Фран Ескриба, Вилјареал објави дека нов тренер на клубот е Хави Калјеха.
Како што стои во соопштението на клубот, челниците на „жолтата подморница“ го избрале најдобриот од кај нив, тренерот кој досега го водеше Вилјареал Б, а и пред тоа беше во клубот и по играчката кариера ги водеше помладите категории.
Хави Калјеха првиот тренинг со првиот тим ќе го одржи попладнево, по што на конференцијата за новинарите во 19.30 часот ќе биде официјално претставен како нов тренер за сезоната 2017/18.
Калјеха во Вилјареал е веќе шест сезони. Прво ја предводеше кадетската селекција, а со јуниорите три пати по ред беше шампион на Шпанија. На почетокот на оваа сезона беше промовиран за тренер на Вилјареал Б, екипата која не е поразена во шест одиграни натпревари сезонава.
Како професионален фудбалер, Калјеха го носеше дресот на Вилјареал во една од најважните сезони во историјата на „жолтата подморница“ и со тимот играше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

 

Најнови вести