Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2017

Саудиска Арабија доби трет селектор откако се пласира на Светското првенство

Аргентинецот Хуан Антонио Пици е новиот селектор на Саудиска Арабија и трет избор на клупата по пласманот на Мундијалот во Русија.

Саудиска Арабија по успехот прво го отпушти Холанѓанецот Берт ван Марвек бидејќи бараше подобри финансиски услови, а потоа и Аргентинецот Едгардо Бауза бидејќи изгуби од Португалија (3-0) и од Бугарија (1-0) во пријателските натпревари.
Интересно е тоа што на местото на Бауза е именуван неговиот земјак кој со репрезентацијата на Чиле во јужноамериканските квалификации не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, но една година пред тоа го освои трофејот на Копа Америка.
Пици, поранешниот фудбалер на Росарио, Валенсија, Барселона и Порто, но и репрезентативец на Шпанија, иако роден во Аргентина, работеше како тренер во аргентинските и во чилеанските клубови: Колон, Сан Мартин, Сантијаго, Уневерзидад, Росарио и Сан Лоренцо, како и во мексиканските Леон и Валенсија.

Најнови вести