Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Салах е африкански играч на годината

Египќанецот Мохамед Салах е прогласен за најдобар африкански играч за 2017 година во изборот на Би-би-си.

Тој во изборот беше подобар од: Пјер-Емерик Обамејанг, Виктот Мозес, Садио Мане и Наби Кејта.
Салах во текот на оваа година постигна 15 погодоци за Рома и 13 за Ливерпул на 16 одиграни натпревари за тимот од „Енфилд роуд“.
„Среќен сум за оваа награда. Секогаш е убаво кога ќе освоите нешто. Ова беше одлична година и би сакал да им се заблагодарам на соиграчите од Ливерпул, а исто така имав добра сезона и во Рома, па морам да им се заблагодарам и ним и на тие од националниот тим“, изјави Салах за Би-би-си.
Тој со Египет стигна до финалето на Купот на африканските нации, кога го постигна одлучувачкиот гол за пласман на Египет на Светското првенство во Русија.

Најнови вести