Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2012

Хулк потпиша за Зенит

Бразилскиот репрезентативец Хулк го напушти Порто и потпиша петгодишен договор со Зенит од Санкт Петербург, вчера потврди на официјалниот сајт шампионот на Русија.

„Им честитаме на сите наши навивачи и фанови. Хулк му се придружи на тимот“, пишува на интернет-страницата на Зенит.
Финансиските детали не се соопштени, но руските медиуми тврдат дека Зенит за 26-годишниот напаѓач ќе плати оштета од 40 милиони евра, на неколку рати во текот на наредните три години.
Хулк кариерата ја почна во Виторија, а потоа играше за јапонските клубови Кавасаки, Сапоро и Токио, пред да го облече дресот на Порто во 2008 година.
Со Португалците освои три национални титули и Лигата на Европа во 2011 година.
За репрезентацијата на Бразил одигра 13 натпревари и постигна три голови, а беше член и на селекцијата која на Олимписките игри во Лондон го освои сребрениот медал.

Најнови вести