Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2012

Димитар Бербатов скрши ребро?

Фулам немаше среќа во саботата, прво остана без победа во последната минута на гостувањето кај Ридинг (3-3), а изгледа се повреди и Димитар Бербатов.

Бугарскиот напаѓач веројатно скрши ребро, па ќе мора да паузира неколку седмици.
Бербатов во неколку наврати во првиот дел од натпреварот се држеше во пределот на грбот. Сепак, на полувремето прими инјекција и пред самиот крај во 88-та минута го постигна третиот гол за Фулам, за во тој момент водство од 3-2.
„Беше тешко бидејќи мислам дека Бербатов скрши ребро. Мислевме дека ќе го замениме на полувремето, но со инјекцијата успеа да продолжи“, рече по натпреварот менаџерот на Фулам, Мартин Јол.
Бербатов против Ридинг го одигра вториот натпревар по едномесечната пауза поради повреда на бутниот мускул. И покрај здравствените проблеми, веќе постигна четири голови за Фулам.

Најнови вести