Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2012

Крауч во судир со Колочини остана без три заби

Питер Крауч, фудбалерот на Стоук, остана без три заби по судирот со Фабрицио Колочини во натпреварот меѓу Стоук и Њукасл, пренесоа британските медиуми.

Инцидентот се случи во 38-та минута, кога Колочини со лакотот случајно го удри високиот напаѓач во главата. Крауч после тоа мораше да биде заменет, иако тој бараше да остане на теренот.
Тони Пулис, тренерот на Стоук, ја пофали одлучноста и желбата на Крауч да го продолжи натпреварот.
„Кога ги виде забите во рацете на докторот, за малку ќе се онесвестеше. Тој сакаше да го продолжи натпреварот, но лекарите не му дозволија. Мислам дека немаше лоша намера во стартот на Колочини“, рече Пулис.
Стоук на свој терен во 14-тото коло на англиската Премиер лига го победи Њукасл со 2-1.

Најнови вести