Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2013

Хоакин Капарос на клупата на Леванте

Хоакин Капарос, 57-годишниот шпански стручњак е именуван за тренер на Леванте, потврди клубот од Валенсија.

Леванте минатата седмица ја раскина соработката со Хуан Игнасио Мартинез, а новото решение за клупата е експресно пронајдено. Капарос денес ќе ѝ биде претставен на јавноста, а засега не е објавено на колкав период потпишал договор.
Капарос претходно во кариерата ги тренираше: Вилјареал, Севилја, Ла Коруња, Атлетик Билбао, швајцарскиот Ксамакс и Мајорка, во која доби отказ во февруари оваа година.
Леванте во штотуку завршената сезона во Примера лигата го зазеде 11-тото место, останувајќи без настап во Европа следната година.

Најнови вести