Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2014

Свен Ериксон го презеде Шангај СИПГ

Свен-Јоран Ериксон, новиот тренер на Шангај СИПГ, изјави дека е горд што го презел тој кинески клуб и дека се радува на новиот предизвик.

Ериксон е претставен како нов тренер на клубот Шангај СИПГ, откако минатата недела си отиде од клубот Гвангжу Фули.
„Многу сум среќен и горд што конечно сум овде и што ќе бидам нов тренер на Шангај. Се радувам на почетокот на работата и на новиот предизвик“, изјави Ериксон, а пренесоа британските медиуми.
Во стручниот штаб на поранешниот селектор на Англија ќе биде и Ијан Вокер, поранешниот голман на Тотенхем.
Шангај СИПГ минатото првенство во Кинеската супер лига го заврши на петтото место со 48 бодови, 22 помалку од шампионот Гуангжу Евергранде.