Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2015

Ватфорд го позајми Дијаманти

Екипата на Ватфорд го доведе на заем Италијанецот Алесандро Дијаманти од кинескиот Гвангжу Евергранде.

Овој 32-годишен играч од средината на теренот и поранешен репрезентативец се враќа во Премиер лигата откако во сезоната 2009/10 настапуваше за лондонскиот Вест хем.
Дијаманти втората половина на минатата сезона ја помина на заем во Фиорентина, а претходно играше уште за: Болоња, Бреша и Ливорно.
Ватфорд натпреварувањето во Премиер лигата го отвори со две ремија, против Евертон во гости 2-2 и против Вест Бромич албион на свој терен 0-0.

Најнови вести