Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2018

Го платија 42 милиони, а сега му врачија отказ

Колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез не е веќе член на Гвангжу Евергранде, шампионот на Кина донесе одлука да ја раскине соработката со него.

Таквата одлука беше очекувана бидејќи Фабио Канаваро, тренерот на Евергранде, 31-годишниот напаѓач не го смести на списокот на пријавени играчи за стартот на Суперлигата.
Мартинез во Гвангжу дојде зимата во 2016 година од Ателтико за 42 милион и евра, но уште од почетокот беше јасно дека нема најдобро да се снајде во Кина.
Во претходните две години често имаше проблеми со повреди, па одигра само 16 натпревари и постигна четири гола.
Тој кариерата ја почна во Индепендиенте од Меделин, а по одличните партии во Порто, за кого на 136 натпревари постигна 92 гола, беше еден од најбараните напаѓачи на светот. Летото 2015 година можеше да избира каде да оди, се одлучи за Атлетико и тука почна неговиот пад во кариерата.

Најнови вести