Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2012

Порто го доведе Џексон Мартинез

Португалскиот шампион Порто ги засили своите редови со колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез.

Досегашниот фудбалер на мексиканскиот Јагуарес потпиша четиригодишен договор, во кој е вградена одредбата дека може да замине ако некој за него плати 40 милиони евра отштета. Дваесет и петгодишниот Мартинез минатата сезона во мексиканското првенство одигра 31 натпревар и постигна 16 голови, а за колумбиската репрезентација има 13 настапи со четири голови.
Пред три години Порто го донесе колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао, кој се покажа како еден од најдобрите трансфери во клупската историја. Пред Мартинез е тешка задача ако сака да му се приближи на славниот сонародник кој денес е фудбалер на Атлетико Мадрид.

Најнови вести