Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2015

Фред поради допинг суспендиран на една година

Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) го суспендираше фудбалерот на Шахтар и репрезентативецот на Бразил, Фред,на година дена поради допинг.

КОНМЕБОЛ соопшти дека казната важи од 26 јуни, кога Фред беше позитивен на допинг тестот,а суспензијата се однесува само на натпреварите од националниот тим.
Фред од тогаш настапуваше за Шахтар, а во случај Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ја прошири суспензијата, Бразилецот нема да има право да настапи на ниедно натпреварување.
Во случај ФИФА да ја прошири суспензијата на сите натпреварувања, Фред би бил практично суспендиран на само четири месеци поради зимската пауза во украинската Премиер лига, како и во Лигата на Европа.

Најнови вести