Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2016

Стариџ повторно се повреди

Големо е прашањето дали Даниел Стариџ повторно ќе заигра во тимот на Ливерпул, се споменува неговото заминување во текот на јануари.

Англискиот репрезентативец беше еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул во сезоната 2013/14 кога титулата им за малку им избега во последните неколку кола. Сепак, тој имаше многу проблеми со повредите, имаше операција 2015 година, и никако да успее да врзе неколку натпревари по ред.
Оваа сезона тој одигра пет натпревари, а фрустрацијата на навивачите на Ливерпул расте од ден во ден, управата размислува и за негова продажба во Вест хем кој наводно е заинтересиран.
„Повторно се повреди на тренингот“, изјави Јирген Клоп во текот на конференцијата за новинарите.
Големото прашање се поставува дали тој воопшто ќе игра за Ливерпул бидејќи сè уште не е познато кога ќе се врати по повредата, како и дали ќе биде продаден во Вест хем за 18 милиони фунти.

Најнови вести