Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2016

Американци се новите сопственици на Свонси

Американските бизнисмени Џејсон Левин и Стив Каплан го преземаа мнозинскиот дел од акциите на Свонси, потврди велшкиот клуб.

Американскиот инвестициски конзорциум доби согласност од Премиер лигата да го води Свонси, откако го откупи мнозинскиот пакет акции на фудбалскиот клуб.
Левин и Каплан имаат искуство во водење на клубови бидејќи во своја сопственост ги имаат Ди Си јунјатед од МЛС лигата, а Каплан е потпретседател на Мемфис гризлис од НБА лигата.
Планот на новите сопственици е да се задржат долгорочно во Свонси и да го подигнат на уште повисоко ниво.

Најнови вести