Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Бразил со гол со рака е елиминиран од Копа Америка

Фудбалерите на Бразил се елиминирани од Копа Америка веќе во групната фаза од натпреварувањето по поразот во третото коло од Перу.

На Бразил во Масачусетс му беше доволно и реми за да биде прв во групата, но беше поразен со минимален резултат благодарение на нерегуларниот погодок на Раул Рудијас. 
Русијас во 71-та минута по фантастичната комбинација на своите играчи на десната страна влезе во казнениот простор, ја доби топката од Поло и со рака ја фрли во мрежата.
По ремито со Еквадор и уништувањето на Хаити, избраниците на Карлос Дунга уште еднаш ги разочараа навивачите и го завршија натпреварувањето по третиот натпревар. Многу лесно можеа да го решат прашањето за победник уште во првото полувреме во дуелот со Перуанците, но голманот Педро Галесе во неколку наврати одлично интервенираше при обидот на Вилијан и Габриел и така стана еден од јунаците. 
Второто полувреме донесе многу помирно темпо и јалови напади на Бразил, а Перуанците го шокираа ривалот од втората можност на натпреварот. 
До спасителскиот бод Бразилците можеа да дојдат во дополнителното време, Елијас се најде во одлична позиција но слабо ја зафати топката и таа заврши во рацете на голманот. 
Ова е дури четврта победа на Перу над Бразил во историјата, прва во овој век, поточно од 1985 година. Пред тоа Перу го има два пати совладано Бразил на Копа Америка во 1975 и 1953 година.
Во вториот натпревар на денот Еквадор со 4-0 го совладаа Хаити и ја обезбеди втората позиција во Групата Б.
Овие резултати значат дека во првите четврт-финалиња ќе играат Перу – Колумбија, односно Еквадор – САД.

 

Најнови вести