Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2016

Враќање на Унгарија на ЕП со стил

Фудбалската репрезентација на Унгарија со победата го одбележи враќањето на Европското првенство по 44 години.

Унгарија во првото коло од Групата Ф во Бордо ја победи селекцијата на Австрија со 2-0.
Австрија беше фаворит пред овој дуел и тоа го потврди во првиот час на натпреварот, но не успеа да го совлада 40-годишниот Габор Кираљи кој стана најстариот играч во историјата на Европскиот шампионат.
Големото славење на Унгарците им го донесе Адам Салаи во 63-тата минута, а Австрија натпреварот го заврши со десетмина играчи по исклучувањето на Драговиќ во 66-та минута. Три минути пред крајот победата ја потврди Штибер.
Австрија од самиот почеток на натпреварот покажа дека е фаворит во овој дуел, тимот на Колер ги контролираше случувањата на теренот, но по 15-тина минути игра Унгарците успеаја да ја воспостават рамнотежата на теренот, па натпреварот се играше главно како меѓу два казнени простори.
Второто полувреме исто како и првото Австрија го доведе притисокот на теренот, но Унгарците одлично се бранеа, па во 63-тата минута следуваше шокот за Австрија со погодокот на Адам Салаи. Со играч помалку Австријците се обидоа да стигнат барем до еден бод, имаа неколку солидни обиди но без успех, за на три минути пред крајот Унгарија со голот на Золтан Штибер само да ја потврди заслужената победа со голот за 2-0.

Најнови вести