Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2016

ПСВ го освои холандскиот Суперкуп

Фудбалерите на ПСВ ја отворија новата сезона во Холандија со освојувањето на Суперкупот.

Шампионот на Холандија со голот на Дави Пропер во 38-ата минута го победи Феенорд и го освои штитот на Јохан Кројф.
Клучниот момент на натпреварот се случи по еден аут кога Пропер реагираше најбргу и со удар по земја го совлада Пар Хансон, со благо одбивање на топката од еден одбранбен фудбалер.
Претходно Андрес Гвардаро ја погоди пречката од слободен удар, а Лук де Јонг не реализираше пенал.
Феенорд најдобрата шанса ја имаше во завршницата на натпреварот преку Ерик Ботенгино чиј удар со глава беше запрен на гол линијата.
Ова за ПСВ беше 11-ти Суперкуп во неговата историја, трет во последните пет сезони.

Најнови вести