Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2016

Селтик го освои стотиот трофеј во историјата

Фудбалерите на Селтик го освоија стотиот трофеј во 129-годишната историја на клубот откако во финалето на шкотскиот Лига куп го победија Абердин со 3-0.

Трофејот во Лига купот воедно е и прва титула за Брендан Роџерс, актуелниот тренер на Селтик, кој во досегашната кариера нема освоено ниту еден.
Головите за триумфот на Селтик ги постигнаа: Том Рогиќ во 16-тата, Џејмс Форест во 37-мата и Муса Дембеле во 64-тата минута од пенал.
По освојувањето на првиот трофеј во сезоната, на Селтик му следува борба во шкотската Премиер лига за нова, шеста последователна титула шампион на државата.
Моментно Селтик е лидер на шампионатот со 34 бода, осум повеќе од второпласираниот Ренџерс, кој има и два натпревари повеќе.

Најнови вести