Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2017

Саутхемптон го отпушти Пуел

Ниту осмото место во Премиер лигата, ниту финалето на Лига купот не ги задоволија челниците на Саутхемптон, коишто одлучија да ја раскинат соработката со менаџерот Клод Пуел.

Францускиот стручњак ја напушта клупата на „светците“ само по една сезона, во која успеа да го освои осмото место во Премиер лигата и да го одведе клубот до финалето на ФА купот, каде што беше поразен од Манчестер јунајтед.
Тој го наследи Роналд Куман, под чие водство Саутхемптон беше шести во Лигата во сезоната 2015/16.
„Сите во Саутхемптон сакаат да му се заблагодарат на Пуел за вредната работа и посветеност во минатата сезона. Најдобар момент на сезоната е незаборавното финале на ‘Вембли’, кое ќе им остане во сеќавање на нашите навивачи. На Клод му посакуваме сè најдобро. Пред нас е потрагата по нов менаџер. Се надеваме дека ќе најдеме вистински човек за нашите долгорочни амбиции“, се наведува во соопштението на клубот.

 

Најнови вести