Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2012

Муамба во стабилна, но критична состојба

Овен Којл, менаџерот на Болтон, откри најнови информации за здравствената состојба на 23-годишниот Фабрис Муамба, кој во саботата, во текот на четврт-финалниот дуел од ФА купот против Тотенхем колабираше на теренот.

„Фабрис е во стабилна, но критична состојба. Преплавени сме со пораки од луѓето кои му посакуваат сè најдобро и се надеваме дека сите ќе се молат Фабрис да успее да закрепне. Состојбата е многу сериозна, и од тоа не може да се побегне. Критично е болен и со Божја помош се надеваме дека ќе успее да се извлече“, изјави Којл за „Телеграф“.
Муамба падна во 41-та минута без никаков контакт и неговата состојба изгледаше многу сериозно. Веднаш на теренот влегоа лекарските екипи на двата тима и му пружија прва помош со маска со кислород. Изразите на лицата на фудбалерите на двете екипи даваа до знаење дека станува збор за многу критична ситуација. Откако шестмина болничари му дадоа прва помош на теренот, веднаш беше префрлен во болницата за срцеви болести во Лондон.
Натпреварот од 29-тото коло на англиската фудбалска лига меѓу Астон вила и Болтон, кој требаше да биде одигран утре, одложен е поради ситуацијата со Муамба.
„Премиер лигата и Астон вила се сложија натпреварот да се одигра некој друг ден. Мислите на Сојузот, клубовите и сите играчи се со Фабрис Муамба и неговото семејство“, стои во соопштението на интернет-страницата на Премиер лигата.

Најнови вести