Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2012

Хамбургер без Ван дер Варт и до еден месец

Холандскиот фудбалер Рафаел ван дер Варт ќе отсуствува од теренот три до четири седмици откако средбата од 13-тото коло на германската Бундеслига (против Фортуна Диселдорф) ја напушти на патерици во 33-тата минута.

Ван дер Варт се здоби со удар во бутниот мускул во еден дуел со голманот на Фортуна, по што веќе не се врати во игра. Според првите информации, закрепнувањето ќе трае околу еден месец.
„Изгледа дека пукна мускулот. Тоа не е повреда која може да се санира во една седмица“, рече холандскиот играч за врска.
Ова дефинитивно не е добра вест за сите навивачи на Хамбургер, со оглед на тоа дека екипата е доста беспомошна без Ван дер Варт. Хамбургер не постигна ниту еден погодок без Холанѓанецот на теренот, а тој имаше директно влијание на шесте (пет асистенции и погодок).

Најнови вести