Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2017

Ван дер Варт кариерата ќе ја продолжи во Индонезија

Рафаел ван дер Варт, некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и на Тотенхем, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Бали јунајтед од Индонезија, јавуваат тамошните медиуми.

Овој 34-годишен играч за врска од Холандија одлучил да ја напушти екипата на данскиот Митјиланд шест месеци пред да му истече договорот и да направи трансфер во егзотичната земја.
Своевремено еден од најталентираните фудбалери на светот не го исполни големиот потенцијал од почетокот од Ајакс, подоцна играше за Хамбургер, Реал Мадрид, Тотенхем, а потоа кариерата му беше во пад во Бетис и последната година и пол во Данска.
Во новиот клуб ќе го пречекаат земјакот Ник ван дер Велден и Силвано Комвалијус.

Најнови вести