Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2014

Холандија без Ван дер Варт во Бразил

Холандскиот фудбалски репрезентативец Рафаел ван дер Варт нема да биде во можност да игра на претстојниот Мундијал откако се здоби со повреда на листот на десната нога.

Фудбалска асоцијација на Холандија соопшти дека селекторот Луис ван Хал нема да може да смета на најискусниот играч за Светското првенство во Бразил.
Ван дер Варт е втор фудбалер кој мораше да испадне од селекцијата на Ван Хал, по Кевин Стротман, кој се здоби со повреда на коленото во март.
Триесет и едногодишниот Ван дер Варт, кој од 2012 година е член на Хамбургер, за холандската репрезентација од 2001 година одигра 109 натпревари и постигна 25 голови.

Најнови вести