Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2013

Ван дер Варт со фрактура на десниот зглоб

Холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт доживеа тешка повреда во текот на вчерашната пријателска средба против Колумбија во Амстердам.

На самиот крај на првото полувреме колумбискиот фудбалер Абел Агилар жестоко и по малку дивјачки стартуваше на најдобриот играч на Хамбургер и опасно му го повреди десниот зглоб. Во тој момент натпреварот за Ван дер Варт беше завршен, а теренот го напушти со помош на лекарите.
Веднаш е пренесен во болница, каде што му е утврдена фрактура, а речиси е сигурно дека до крајот на оваа календарска година Холанѓанецот веќе нема да игра фудбал.
Тоа е голем хендикеп за Хамбургер бидејќи Ван дер Варт оваа сезона во дванаесет натпревари во Бундеслигата постигна шест погодоци и двапати асистираше.

Најнови вести