Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2015

Ван дер Варт прво засилување на Бетис

Холандскиот фудбалер Рафаел ван дер Варт потпиша тригодишен договор со повратникот во Примера лигата, Бетис.

Клубот од Севилја обезбеди место во елитната шпанска дивизија по една сезона помината во втората лига, а Ван дер Варт, досегашниот член на Хамбургер, е негово прво засилување.
„Бетис е голем клуб и среќен сум што ќе играм во најдобрата лига на светот“, изјави Ван дер Варт, кому мајката му е по потекло од Шпанија, поточно од Андалузија.
Ван дер Варт потекнува од прочуената академија на Ајакс, а за Холандија досега одигра 109 натпревари и постигна 25 голови.
Откако во 2005 година го напушти Ајакс, тој играше за Хамбургер, а потоа за Реал од Мадрид, па во Тотенхем, а потоа се врати во германскиот клуб кој едвај избегна испаѓање во изминатата сезона.
Ван дер Варт изјави дека има намера да ја остави зад себе разочарувачката сезона помината во Хамбургер, како и дека го сака назад местото во холандскиот тим.

Најнови вести