Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2016

Бетис го донесе Дамјао

Шпанскиот прволигаш Бетис ја доведе некогашната голема надеж на Бразил, Леандро Дамјао од Сантос.

Дамјао во неделата пристигна во Севилја каде го гледаше ремито меѓу Бетис и Реал Мадрид (1-1). Тој неодамна го напушти бразилскиот Сантос, а пред неколку години беше голема желба на Тотенхем.
Меѓутоа неговиот тогашен клуб Интернационал бараше огромна отштета, а во меѓувреме неговата форма започна да се движи по надолна линија, па сега 26-годишниот фудбалер е речиси заборавен.
Новиот фудбалер на Бетис досега има одиграно 17 натпревари за А репрезентацијата на Бразил и три пати бил стрелец.

Најнови вести