Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2015

Бетис продаде 42.008 сезонски билети

Бетис, повратникот во шпанската Примера лига, објави дека речиси ги распродал сезонските влезници за натпреварите во претстојната сезона.

Популарните „зелено-бели“ од Андалузија продале 42.008 сезонски билети за својот стадион „Бенито Вилјамарин“, со капацитет од 50.000 гледачи.
Бетис како шампион на Сегунда лигата се врати во Примера по едногодишното отсуство од елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Во натпреварот од првото коло на Примера лигата Бетис во недела ја дочекува екипата на Вилјареал.
Хуан Карлос Ојеро, претседателот на поранешниот шампион на Ла Лига и двократен освојувач на Кралскиот куп, не дозволи клубот враќањето во елитата да го дочека неподготвен. Во клубот, меѓу останатите, стигнаа: славниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт, играчот за врска на Малага Франциско Портилјо, Хуан Варгас од Фиорентина и искусниот стопер на Хамбургер Хајко Вестерман.

Најнови вести