Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2014

Калдерон на местото на Гаридо на клупата на Бетис

Шпанскиот прволигаш Бетис го смени 44-годишниот тренер Хуан Карлос Гаридо во очајнички обид да се спаси од испаѓање во втората лига, а нов тренер е Габриел Умберто Калдерон.

Педесет и тригодишниот аргентински стручњак ќе се обиде да го спаси Бетис од испаѓање од шпанската Примера дивизион.
„Тренерот Калдеро веѓе потпиша договор до крајот на сезоната и автоматски на уште една година доколку го осигури прволигашкиот статус“, се вели во соопштението од Бетис.
Калдерон за Бетис играл од 1983 до 1987 година, а во тренерската кариера меѓу другите ги водел репрезентациите на Оман, Саудиска Арабија и Бахреин.
Сега веќе екс тренерот Гаридо на клупата на клубот од Севилја помина само месец и пол, од трети декември минатата година, кога го наследи Пепе Мел. Во краткиот период не успеа да ја помрдне играта - во пет првенствени натпревари имаше едно реми и четири порази.
Работата ја загуби по последниот тежок саботен домашен пораз од Реал Мадрид (0-5) во саботата, а од Бетис засега не го објавиле името на неговиот наследник. Андалузијците се на последното место во Примера лигата само со 11 бодови, а моментно осум бодови ги делат од зоната за опстанок.
Гаридо најголема трага остави како тренер на Вилјареал, во кого од 2002 година ја водеше резервната екипа, а во 2010 година го презеде и првиот состав. Во сезоната 2010/11 го одведе клубот до четвртото место во Примера лигата и до полуфиналето на Лигата на Европа. Следната сезона не му беше успешна, па доби отказ. По една година го презеде белгискиот Клуб Бриж, во кого се задржа една сезона.

Најнови вести