Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2016

Ван дер Варт во Митјиланд

Холандскиот фудбалер Рафаел ван дер Варт кариерата ќе ја продолжи во Данска.

Ван дер Варт потпиша двегодишен договор со Митјиланд кој игра квалификации за Лигата на Европа.
Триесет и тригодишниот Холанѓанец во Данска доаѓа од Шпанија по бледата сезона во дресот на Бетис.
Во текот на кариерата играше за Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид и Тотенхем, а 109 пати настапи за Холандија и постигна 295 голови.
Митјиланд следната седмица го дочекува турскиот Османлиспор во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на Европа, а по четири кола во данското првенство е на делба на втората позиција со Бронди и Алборг со два бода заостанување зад лидерот Копенхаген.

Најнови вести