Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2016

Де Хеа се враќа за Митјиланд или Арсенал

Менаџерот на Манчестер јунајтед Луис ван Хал откри дека голманот Давид де Хеа би требало да се врати на теренот оваа седмица.

Де Хеа се повреди во текот на загревањето пред првиот натпревар во шеснаесетфиналето во Лигата на Европа со Митјиланд, во кој „црвените ѓаволи“ беа поразени со 2-1.
На тој начин, бројот на повредени играчи на Јунајтед достигна 13, а меѓу останатите холандскиот стручњак не може да смета ни на Вејн Руни, Бастијан Швајнштајгер, Ешли Јанг и Лук Шоу.
Според предвидувањата на Ван Хал, Де Хеа би можел да се најде меѓу стативите веќе во четврток, кога Јунајтед ќе го пречека Митјиланд во реванш натпреварот.
„Не е во прашање тешка повреда, така што би можел да биде подготвен во четврток, а можеби и за Арсенал. Натпреварот со Митјиланд е голем бидејќи ни дава шанса да се квалификуваме во Лигата на шампионите во следната сезона. Нормално, мораме да победуваме, лесно е да зборуваме за тоа, но потешко е да го сториме. Ќе видиме, во март ни се враќаат голем број играчи и ќе го имаме целиот тим на располагање, а кога е таква ситуацијата можеме да бидеме први во Премиер лигата“, истакна Де Хеа.

Најнови вести