Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2012

Ван дер Варт се врати во Хамбургер

Холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт го напушти Тотенхем и потпиша тригодишен договор со бундеслигашот Хамбургер чиј член беше од 2005 до 2008 година.

Првите пет години од професионалната кариера Ван дер Варт ги помина во Ајакс, од каде премина во Хамбургер пред седум години. Од хамбуршкиот клуб во 2008 година дојде во Реал Мадрид, а од 2010 година играше за Тотенхем.
Иако имаше шпекулации дека сепак во овој преоден рок ќе се врати во Хамбургер, дваесет и деветгодишниот Холанѓанец ги одигра двата натпревари на стартот за Тотенхем во Премиер лигата.
Вкупно во дресот на „спарси“ одигра 63 натпревари и постигна 24 голови.

Најнови вести