Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2011

Повреда на Хулк

Напаѓачот на Порто, Бразилецот Хулк, ќе мора да паузира некое време бидејќи синоќа заработи повреда на глуждот.

Тоа не е ништо чудно бидејќи Хулк за два дена одигра два официјални натпревари, еден за репрезентацијата на Бразил, а еден за клубот, и тоа само 24 часа подоцна.
Тој синоќа беше заменет во второто полувреме од натпреварот со Леирија, кој „змејовите“ го добија со 5-2, додека во понеделникот играше против Гана за „кариоките“.
Се очекува детална дијагноза од неговата повреда.

Најнови вести