Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2011

Хановер без Конан во Лигата на Европа

Напаѓачот на Хановер, Дидие Конан Ја поради повреда ќе го пропушти натпреварот од Лигата на Европа против Ворскла во четврток, соопшти клубот. Тој го напуштил тренингот поради болки во препоните.

„По разговорот со медицинскиот тим одлучивме Конан да го испратиме на мал одмор. Имаме густ распоред во наредниот период и не сакаме ништо да ризикуваме“, рече стратегот на тимот Мирко Сломка.

Хановер во моментов се наоѓа на шестата позиција на табелата во Бундеслигата со освоени 12 бода.

На првиот натпревар од групата Б во Лигата на Европа ремизираше без голови со Стандард од Лиеж, а во групата се наоѓа и данскиот Копенхаген.

Најнови вести