Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2015

Симеоне: Релаксирани сме и покрај поразот

Диего Пабло Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, не е загрижен по поразот од Бенфика во второто коло од Лигата на шампионите.

„Јорганџиите“ испуштија водство на својот „Висенте Калдерон“ и изгубија со 2-1 од Португалците.
„Резултатот е лош, но имавме добар став. Релаксирани сме бидејќи сме втори во групата. Го чекаме следното коло да видиме каква ќе биде состојбата тогаш“, изјави Симеоне.
Атлетико добро го почна натпреварот, поведе со голот на Анхел Кореа во 23-тата минута, но Бенфика предводена од Николас Гаитан направи пресврт уште во 51-вата минута.
„Ова беше одличен натпревар, нашиот ривал одигра одлично во одбраната. Ние имавме доста шанси во првото полувреме, но не успеавме да ги реализираме, мораме да работиме на завршницата“, изјави Симеоне.
Атлетико во третото коло од групата Ц ја дочекува Астана од Казахстан на 21-ви октомври.

Најнови вести