Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2016

Џонџо Шелви во Њукасл за 12 милиони фунти

Њукасл и Свонси го договорија трансферот на Џонџо Шелви на„Сент Џејмс парк“ вреден 12 милиони фунти, пренесува ББЦ.

Дваесет и три годишниот играч од средниот ред во тимот од Велс пристигна во 2013-тата година од Ливерпул за 5 милиони, а веќе следата сезона му помогна на тимот да го заземе рекордното осмо место на табелата.
Како што се наведува, кога ќе ги помине медицинските прегледи, Шелви ќе биде второто засилување на „чавките“ во зимскиот преоден рок, по крилниот играч на Бордо, Анри Севе, кој пристигна вчера за пет милиони.
Тимот игра очајно од почетокот на сезоната, последните пет натпревари не славеше, а по 20-тото коло од Премиер лигата го зазема 18-тото место на табелата со 17 бодови.
Следниот голем испит ќе го има денес кога ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед.

Најнови вести